Tiramisu sladoled torta | Hrana i Vino MKD

Hrana i Vino MKD 28. Juli 2017 1 Aufruf

Beschreibung

ТИРАМИСУ СЛАДОЛЕД ТОРТА

ЗА ПАНДИШПАН
- 4 јајца
- 100 г шеќер
- 70 г брашно
- 65 г густин
ЗА ФИЛУВАЊЕ
- 400 мл млеко
- 1 кесичкa прашок за сладолед од ванила
- 1 кесичка прашок за сладолед од чоколада
- 2 лажици мелено кафе
ЗА ПРЕЛИВ
- 250 мл варено кафе
- 200 г шеќер
- 120 мл вода
ЗА УКРАСУВАЊЕ
- 100 г чоколада за готвење

Потребно време за подготовка на овој десерт е 70 –тина минути.

Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во сад за матење ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Потоа ги додаваме густинот и брашното, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 24, обложен со хартија. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и го вадиме од рерна.
Почнуваме со подготовка на преливот. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот, водата и вареното кафе. Откако шеќерот ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган и оставаме преливот да се излади.
Почнуваме со подготовка на филовите. Во сад за матење го ставаме прашокот за сладолед од ванила. Додаваме 200 мл млеко и матиме со миксер додека смесата за сладолед од ванила не ја добие потребната густина (според упатството на кесичката). На истиот начин ја подготвуваме и смесата за сладолед од чоколада.
Изладениот пандишпан го вадиме од калапот, му ја отстрануваме хартијата и го сечеме на половина. Првата кора пандишпан ја ставаме во калапот и ја попрскуваме со преливот од кафе. Со цедалка го наросуваме пандишпанот со 1 лажица мелено кафе. Потоа го премачкуваме пандишпанот со смесата за сладолед од ванила. Прекриваме со втората кора пандишпан, попрскуваме со прелив и наросуваме со преостанатото мелено кафе. Ја премачкуваме кората со смесата за сладолед од чоколада. На крупната страна од рендето во калапот ја рендаме чоколадата за готвење и го ставаме во замрзнувач. Калапот со замрзнатата торта го вадиме од замрзнувач. Ја вадиме тортата од калапот и ја ставаме на чинија за торта. Страничниот дел на тортата го декорираме со топчиња претходно изматен шлаг.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.


www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
https://www.youtube.com/channel/UCzUEzJoHvYCl9rTX2w1XNiA
Follow us:
Facebook: https://www.facebook.com/hranaivino