Bajdera so pilesko | Hrana i Vino MKD

Hrana i Vino MKD 18. Februar 2017 2 Aufrufe

Beschreibung

БАЈАДЕРА СО ПИЛЕШКО

за 4 лица

- 1 пиле
- 300 г пилешка шунка
- 300 г кашкавал
- 200 мл кисела павлака
- 3 јајца
- 100 г сусам
- 1 лажица мешан зачин К+
- масло за јадење
- Хималајска сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова предјадење е 70 – тина минути.

Во тенџере со вода на оган го ставаме пилето и го додаваме мешаниот зачин К+. Вариме додека месото не омекне и го тргаме тенџерето од оган. Свареното пиле го вадиме од тенџерето и му ги отстрануваме коските. Месото ситно ги сечкаме и го ставаме во длабок сад. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го попрскуваме исечканото пилешко со масло и промешуваме со лажица. Потоа го нанесуваме во правоаголна тава бр 32, намрсена со масло. Пилешката шунка ја сечкаме на кругови и ги редиме во тавата. На крупната страна од рендето го рендаме кашкавалот, па и него го нанесуваме во тавата.
Во длабок сад ги кршиме јајцата. Ја додаваме киселата павлака и мешаме со виљушка додека не се соединат. Со мешавината ја преливаме содржината во тавата. Наросуваме со сусамот и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 15 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Откако ќе се излади ја сечеме бајадерата на парчиња.
На чинија за сервирање редиме од парчињата Бајадера со пилешко. Едната страна на чинијата ја украсуваме со еден лист марула и цвет од лушпа од домат врз него. Другата страна на чинијата ја украсуваме со гранчиња магдонос и полукругови домат. Декорацијата ја завршуваме со три ротквички засечени во форма на цвет.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv

Subscribe for upcoming recipes:
https://www.youtube.com/channel/UCzUEzJoHvYCl9rTX2w1XNiA
Follow us:
Facebook: https://www.facebook.com/hranaivino