Kare na somborski nacin | Hrana i Vino MKD
Beschreibung
КАРЕ НА СОМБОРСКИ НАЧИН
за 4 лица
- 800 гр свинско каре
- 250 гр свежи шампињони
- 1 главица кромид
- 1 домат
- 1 лажица црвен пипер
- 200 мл кисела павлака
- 1 зелена пиперка
- 100 гр брашно
- масло за јадење
- Наша сол и црн пипер
Потребно време за подготовка на ова јадење е 50– минути.
Месото го сечеме на шницли, го посолуваме, го наросуваме со мелен црн пипер, ги толчиме шницлите, ги набрашнуваме и ги пржиме во тенџере на оган со загреано масло. Откако ќе поруменат од двете страни ги ставаме шницлите на чинија, а на преостанатата мрснотија го пржиме ситно исечканиот кромид. Пиперката и шампињоните ги сечкаме на парчиња и откако кромидот ќе омекне ги додаваме во тенџерето. Откако пиперката и шампињоните ќе се испржат го додаваме доматот исечкан на коцки, посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и црвен пипер и промешуваме. Налеваме 150 мл вода, во тенџерето ги враќаме испржените парчиња каре и вариме 15-тина минути. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови црвена блитва. Од едната страна на чинијата скалесто ги сервираме парчињата каре. Го враќаме тенџерето на оган. Во садот со киселата павлака додаваме 1 лажица брашно и мешаме со жица. Размешаната павлака ја додаваме во тенџерето на оган и промешуваме со лажица. Откако сосот ќе ја добие потребната густина, ги вадиме парчињата зеленчук од тенџерето и ги сервираме до парчињата каре. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња рикула и целер.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит
www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
https://www.youtube.com/channel/UCzUEzJoHvYCl9rTX2w1XNiA
Follow us:
Facebook: https://www.facebook.com/hranaivino