Proleten kolac | Hrana i Vino MKD

Hrana i Vino MKD 12. Mai 2017 0 Aufrufe

Beschreibung

ПРОЛЕТЕН КОЛАЧ

- ЗА КОРА
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 1 прашок за печиво
- ЗА ПРВ ФИЛ
- 100 мл слатка павлака
- 100 гр кокосово брашно
- 50 гр шеќер во прав
- ЗА ВТОР ФИЛ
- 2 кесички шлаг крем од чоколада
- 250 мл млеко
- 50 гр шеќер во прав

Потребно време за подготовка на овој десерт е 70–тина минути.

Започнуваме со подготовка на кората. Со миксер ги матиме јајцата. Го додаваме шеќерот и откако шеќерот ќе се растопи го исклучуваме миксерот. Ги додаваме брашното и прашокот за печиво и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Тестото за кората го истураме во тава за печење, обложена со хартија. Ја ставаме тавата во рерна и печеме 30 минути на температура од 180 степени.
Испечената кора ја вадиме од тавата и заедно со хартијата ја свиткуваме во навлажнета кујнска крпа.
Започнуваме со подготовка на првиот фил. Со миксер ја матиме слатката павлака и го додаваме шеќерот во прав. Откако шлагот ќе ја добие потребната цврстина го исклучуваме миксерот. Шлагот го додаваме во садот со кокосовото брашно и промешуваме.
Започнуваме со подготовка на вториот фил. Со миксер ги матиме прашокот за шлаг крем од чоколада, млекото и шеќерот во прав, се додека филот не ја добие потребната цврстина.
Омекнатата кора ја одвиткуваме од крпата и ја отстрануваме хартијата. Врз кората го нанесуваме вториот фил. Потоа на двата краја на кората нанесуваме од првиот фил. Од двете страни го свиткуваме ролатот до половина. Го сечеме колачот на парчиња. Парчиња Пролетен колач ставаме на чинија за сервирање и со цедалка ги наросуваме со шеќер во прав. Врз шеќерот во прав наросуваме чоколадни трошки.

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

www.hranaivino.com.mk
www.hranaivino.tv
Subscribe for upcoming recipes:
https://www.youtube.com/channel/UCzUEzJoHvYCl9rTX2w1XNiA
Follow us:
Facebook: https://www.facebook.com/hranaivino